милет м.

милет (м.)

Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко си имаше многу маки да се справи со зборот милет, на турски millet, со потекло од арапски (millmillet) и со значење на народ, нација, религија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Ми кажуваат, меѓу селаните се забележува сѐ поголем бес и дрско однесување со ќаите и агите. Вистина ли е тој милет толку пис?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа е многу сиромашен милет, не пис.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оти, господ да те чува, овие вдовиците се беља милет!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цел овој милет овде е ѓурулти милет. Гледај што направивте!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но сепак, носен врз брзиот бран што нејќеше да го запре, Сандри рече: „Можеби е и бесен тој милет, ама сега враќа, бегу ефенди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Притиснати од мноштвото неразрешени турцизми кои го очекуваа нивниот конечен суд, тие решија, откако ќе го разгледаат и последниот збор од првата серија милет, на секоја сесија да реферираат за по пет збора, секој одделно, до исполнувањето на замислената листа од сто зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен. Му кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли: Ама пис милет, анани... ана!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Набрзо по рум-милетот биле признаени ерменскиот милет и еврејскиот милет...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа ли е чистота, бре пис милет, а?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На чело на овој најголем православен (румелиски, односно ромејски) милет бил патријархот, односно милет-башата, кој живеел во Цариград, во местото Фенер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како дипломец на шеријатското и модерното право, Татко отсекогаш ја чувствувал тежината на милетот во сите фази од својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакавте да бркате мене и Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе раѓате, дури не се умирит овој пис милет, — им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат од зулумите на дивите Анадолци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Верските заедници биле поделени на верници и неверници во следните милети: муслимански милет, рум-милет (источноправославен на чело со Цариградската патријаршија), франкискиот милет (за сите католици), ерменско-георгијански милет, милет на Ерменци католици и еврејски милет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се придодаде Мире Ирчев: - Што за инсан ќе бевте, што за милет срамен?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Расправата за судбината на поимот милет во балканските јазици ги одвлече Татко и Камилски, неочекувано многу подалеку, во различни области одошто очекуваа, но сепак не веруваа дека допреле до неговата суштина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе