мило (прил.)

Мило ми е што повторно ќе можам да се качам на вовчето да трчам по прозорците додека тоа со клокот и тресок се провира низ планинските процепи или низ селата со куќи построени како стражари крај пругата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не знаеш дали ти е криво или ти е мило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од детинството сѐ што им е мило ним и нам ни е мило; на сѐ што се радуваат тие и ние се радуваме; тие плачат и ние плачеме; тие се смеат и ние се смееме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мило ми беше што ме одби зошто ќе беше вистински циркус да требаше да ме придружуваат двајцата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мило за драго животот сѐ ќе ни врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Толку ти е мило во душата што при секое посегање да сркнеш од чорбата, лажицата ти бега надвор од ваганот. На несакање ти бега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Да, тој е добар, тој се труди, гледам оти имате успех во науката и ми е мило, и ми е мило”, вели кметскиот, се поклонува и се усмевнува со гнилите заби.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И песната мила Македонска стара... На божиќно оро, на тапан се качив... за велигден со гајда се збравме на црвено јајце си шетавме в зори и сѐ ми е мило...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И кога ќе почне да тера, да ти е мило да го слушаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На минување го забележа Мартина како на сон нешто се смешка толку мило чиниш сѐ во животот е убаво како песна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не ми е баш мило да лежам во вошките. Што можам јас?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Андон се саштиса. Толку му беше мило и радосно во душата што не би ја пожалил во тој миг и куќата да ја запали, само да ги види однекаде градот со кого седи сега овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ете виде сега како мило те дочека.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сите млади и зелени, да ти е мило да ги гледаш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И втора година ме мори нежива заспивам пред зори без адамово ребро липам ко плам биди мит за привиди ненасит и минатото да биде мило да биде што не било ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- И мене ќе ми беше мило до колку имаше брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Јас не го познавав. Подоцна во разговорот видов дека е наивен, но не ми падна на ум за тоа да го обвинувам, дури напротив, ми беше мило, бидејќи знаев дека всушност се работи за чувства кои во моментот го беа опфатиле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа се смешкаше мило на сликата, а црната коса ѝ паѓаше тешко на обете рамена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Тебе ти е мило... А ваму туѓи луѓе се... Што знаеш?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе