милува (несв.)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Не како кога ги милуваа жиците на виолината или шушкавиот бакар на меките коси.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го милуваше со палец белегот под нејзините гради и молчеше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најнапред, од секого се знае оти ние ги милуваме нашата татковина Македонија и нашиот народ, зашто секој ден ги гледаме и ги изучуваме со своите органи на чувствата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Лисјето на костените ѝ ги милуваат белите и светли влакненца додека како кралица поминува низ зелените сенки на лисјето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Којзнае колкупати ги милувал тие рубли преку поставата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој многу сака да го милувам со нив.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Полните румени прсти несмасно го милуваат сребрениот вез.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Кај него таа е обновена, прочистена од грубите милувања на морнарите од трговските бродови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бате Јоле, расплакан, клекна крај неа преграбувајќи ја со левата рака и ставајќи ѝ ја дланката на нејзиното лево обравче, а од другата страна ѝ го навали образот и така милувајќи ја и гушкајќи ја, плачеше барабар со неа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Најстариот брат се вратил дома цврсто решен ништо да не ѝ кажува на својата караконџола, чии милувања веќе не можел да ги поднесе и чија распупена убавина веќе не ја ценел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бранови на звуци струеа низ мојата коса како некој да ме милува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со раце на колена, пушката светната ледна таа ја милува благо.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ѕемне ... и мисли дека е сон првата снегулка што го милува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Иако сето тоа ми беше покомплицирано си турав од топлата вода врз моето тело, шетав со сапунот по нежната кожа и си замислував дека тоа неговите раце ме милуваат насекаде.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)