мимикрија ж.

мимикрија (ж.)

Неговата сила е во неговата неуништивост, во неговата еластичност, можностите за трансформација и мимикрија, во неговата - рециклабилност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Конечно, дигиталниот екосистем ќе покаже и поделба на видови и соработка но и некои девијации какви што се мимикријата и лажењето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За нивните хибернации во текот на зимите, за миграциите при кои минуваат и по неколку иљади километри, за мимикријата која им помага да ги избегнат опасностите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Моето двогодишно отсуство од штафелајните играрии е извесен тип на уметничка мимикрија во чија позадина е бавењето со феноменот на „синестезија“ како облик на енергетско- семантичка трансформација.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)