минато (ср.)

Тие се веќе минато.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеш ли да ми го вратиш минатото? Минато без иднина!?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не го сторив тоа и живеев во стар напуштен ан, бев злодух поклопен од сенката на минатото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Далечното минато не го интересираше многу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Греота е идентитетот на Балканот! – ми вели тој со нескриена зачуденост. – Па денеска цел свет е во потрага по својот идентитет, а ти сакаш ние да живееме како баби, да го заборавиме сопственото минато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И уште една вистина што не е без значење: местото за могила што го избра мајка ми нема никаква врска со нејзиното и со нашето минато а уште помалку може да се поврзува со нашата иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не го сторив тоа и живеев во стар напуштен ан, бев злодух поклопен од сенката на минатото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И жали што секоја нова ноќ во која долго ги гледа блескавите ѕвезди му станува минато.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Надворешните опасности, пожарите како овој, поплавите, одроните на планините, земјотресите, можат да го уништат мојот успех и да ја направат ништожна мојата идеја, да остане ископината како некој остаток од минатото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гудалото нежно ми се лизга ту во минатото ту во иднината и ме потсетува дека некој нашинец најпосле треба да му ги истегне ушите на времето пред да ни се исушат сите ритки и пред да престанат да ни врзуваат стебленцата веќе онемени од носталгија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа вечер светна силната ѕвезда на Битола од нејзиното славно минато.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти си петно што мора да биде исчистено. Зарем не ти реков пред малку дека ние се разликуваме од прогонителите од минатото?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секој случај во разговорите со неа не се навестуваше ниту една личност, ниту пак беше спремна да укаже на некој момент од минатото што ќе можев да го поврзам со нејзиното мајчинство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
61. Авторот има предвид една јасна и достатно разработена национална програма на македонското движење во минатото, зашто тој самиот на друго место наведува некои многу важни пројави на македонската национална мисла кај претходниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш од селаните можете да ги чуете најубавите раскази и повести за тешкото и незаборавно минато, за сѐ што ги зближува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
1. Кога те сретнав беше минато крстоносна селидба, смртоносна веридба сега спомен долг таинствено ме коле љубовта со тага ме дои, нелулани мои во мене некој исконски бол е, сама сум како заборавено време.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А бидејќи Партијата има целосна контрола над сите документи, исто толку целосна контрола над свеста на своето членство, тогаш произлегува дека минатото е такво какво што ќе реши Партијата да биде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истите тие пискарала не се ништо друго освен форензичари на сѐ што е уништено и сите по дефолт се аналитичари, историчари кои само ги анализираат грешките од минатото, а никогаш не даваат решение за иднината, но како главна особина им е лепењето етикети на сѐ што е прогресивно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе