министер м.
министерство ср.

министер (м.)

Постапката за посредување, врз основа на записникот и трошковникот, се води пред оваа Комисија – којашто, пак, е формирана од Министерот за труд.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од Софија телеграфираат оти тамошниот воен министер зел од офицери на разни европски и американски држави предлог да се примат тие во бугарската армија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други – исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. – Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа само во 1/4 век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Цели осумнаесет месеци министерот ја држи под своја власт.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше еден од незаборавните министри во Сојузното министерство за надворешни работи, каде со почит и восхит зборуваа за него од вратарите до високите функционери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: „Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На 20 јануари 2005 година, само три дена по усвојувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кои значително беа намалени правата на работниците кои по сила на приликите се без работа, тогашниот министер за труд и социјална политика Стевче Јакимовски најде за сходно да изјави дека е потребно „оној што работи да не биде заштитен како мечка во планина туку да тој биде изложен на оценки.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Министерот за куродрвење во тој момент дебатираше со опозицискиот широкуран дали треба да се кастрат трошоците во образованието додека гуската од Битола го тестираше новиот римејл купен со парите од патните трошкови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се случило еднаш, кога аналитичките служби на министерството останале без крунски аргумент за една инструкција која требало да се испрати до сите амбасади во светот, тогаш министерот решил да побараа мислење од улавиот дипломат на мансардата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имено, во декември истата година Белград, Софија и Виена ги посетил министерот за надворешни работи на Русија грофот Ламсдорф.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд го определува министерот за правда врз основа на претходно прибавено мислење од претседателот на основниот суд – за бројот на правосилните и извршните одлуки на 45 основниот суд, а од Владата на РМ – податок за конечните управни одлуки кои гласат на парични побарувања кои би можеле да бидат предмет на извршување, како и по прибавено мислење на Комората на извршители (чл. 31, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се нашол еден од министрите одвреме навреме да подчитува по некој од дописите на стариот дипломат, првин повеќе од забава, отколку од потреба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, скорешната посета на федералниот министер за надворешни работи повеќе се должеше на неговата официјална посета на Тунис по падот на бургибизмот, отколку на некоја посебна иницијатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе