минијатурен прид.

минијатурен (прид.)

Полека го зема клучето од ланецот околу вратот и повторно ја нави прекрасната минијатурна градина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Покрај надворешните граници на новата Република Албанија, превладуваше густата пајажина на внатрешните граници на земјата помеѓу различни принципати, минијатурни ефемерни републики, прогласени и одржувани во поделената земја од окупационите сили на Сојузниците, од големите фисови, верските конфесии.
„Граница“ од Луан Старова
Кога ќе има зборуваш на луѓето дека тие се светии дека живеат обвиткани во минијатурни ѕвезди, ќе те гледаат чудно, не верувајќи во тоа што зборуваш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше надвор и чекаше. Изгледаше како најобичен техничар на одмор, во пластичен шорц и смешна Хавајска кошула врз која беа отпечатени зголемени слики на најдобрите микропроцесори на неговата фирма; благ мал човек, еден од оние што се опива со саке во барови каде продаваат минијатурни оризови кекси со додаток на морска трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Рицман е силен. Го симнува кловновскиот минијатурен цилиндар од своето голо теме и вади од него многу шишиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Врти се роју умен, вртлогу ти кој си на небо, биди на земја вртилишта, улишта, восочни легла рам-меморија на приземје и кат давам за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет меден збор, афродизијак и медовината капната од небо ти ја давам на серафим налик и на мираз од нечија блага душа и изблик на вечноста ти нудам „гола како кокошкин врат“ за да се собереш, сакана да дојдеш на врв врба во моето гнездо озарено со етер со екстракт од масло со медоносно билје ти нудам енигматични игри крстословки, ребуси пополнување на празнините и сотките осмислување на келиите - безбројните восочни клетки ко минијатурни смрчки
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Другите размислуваат за употреба на ‘интелигенцијата’ на компјутерот како интерна протеза: „Минијатурните плочки од силикон ќе ни овозможат моментно знаење на странски јазик или на теоријата на релативност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеа да се видат неколкуте извиени букви, во чудесна, небаре калиграфска игра во нејзините писма, како минијатурни споменици на една недокрај возвратена љубов, постојано одложувана за некои други времиња коишто никогаш не стигнаа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Роторите се движеа, течностите блеснуваа, течејќи во минијатурни потоци низ исправувачите и вентилите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Низ сиот тој простор Милан имаше изградено мали базенчиња од тули и цемент, куќички за птиците како мали колипки обоени со зелена и бела боја, хранилки за птиците, како минијатурни закачалки што висеа на гранките од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред илјади години, според кинеската историја, војсководци со фигури-војници, борни коли спорот го решаваа на минијатурно бојно поле, како на шаховска табла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според постојаниот ритуал, Татко ќе појдеше во одајчето десно од чардакот, во тој негов минијатурен бал­канвавилон, кое беше приспособено во негова малечка библиотека и во работно катче и таму ќе се задржеше некое време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кожата ѝ беше бледа, градите полудетски и минијатурни, Александар претпоставуваше дека и очите кои не можеше да ѝ ги види се сини како небото во јунско утро над неговиот град.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Морав да поднесувам извештаи за минијатурните суштества, а околу мене во крикови или тивко, умираа луѓе, со изрази на длабока осуда, со клетва кон империјата на Сталин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Лево од нив неколку приземни куќарки. И малечки, скоро минијатурни градини.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Реков „навидум“ бидејќи тоа е само мамка што ја смислила природата за да ги заштити жителите на овој минијатурен екосистем од крволочните предатори што демнат наоколу: бучните моторџии, трговските патници, те носителите на судски повици.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во минијатурниот свет на семејството, меѓутоа, нема ништо иронично во однос на изведбите било на љубовта, било на омразата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како жртва на јапонски микробионички експерти кои вметнуваат минијатурни кеси со микро токсин од времето на руските војни во неговите артерии, Кејс страда од бавна смрт.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сребрените жици на водата со сенките на златните жици на сонцето, се умножуваа во минијатурни ѕвезди кои весело летаа низ волшепството на просторот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе