миса (ж.)
Менталните слики создадени од прикажувањето на овие трагедии повторно излегле на површина по многу години, сублимирани, прочистени, во симфонија и соната, во миса и опера.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Од делата на големите композитори кои ги пишувале двата жанра музика, оние кои се посветени на религиозни теми ќе се покажат многу супериорни во речиси секој случај, со исклучок на Моцарт, кај кого неговата Миса во Бе-дур и Реквиемот може да се споредуваат со која било негова опера.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Прилично е уникатно што Бетовен, чија природа во целина била длабоко религиозна, иако не се поврзувал со ниедна црква, порано не се посветил на компонирањето миса.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пред главниот олтар таа вечер се одржуваше мисата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Стотина верници беа собрани пред гробиштата и присуствуваа на мисата за исчезнатите, за живите, во малата капела која послужи како олтар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој ја препознал мисата како една од најголемите уметнички форми, еднаква на ораториумот или операта.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во друго писмо од 29 март 1823 година, кон крајот на својот живот, ја изразил својата намера да напише уште три миси.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Најверојатно со ова дело имал повеќе мака отколку со која било друга негова композиција, со исклучок на Мисата во Де-дур.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во својата петнаесетта година Бетовен свирел оргули, секое утро, за мисата во шест часот во Миноритската црква.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
„Фиделио“ дава добар пример дека оперското компонирање, ако се разгледува строго како музика, не е највисоката форма во која уметноста може да се прикаже и дека, само по себе, не е толку строго ограничено на доменот на музиката, како што е тоа случајот со симфонијата, или со различни форми сакрална музика (на пример, ораториумот или мисата).
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Очигледно е дека Бетовен уживал да работи на мисата и во овој жанр се чувствувал на свој терен.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Денес, Мисата во Це- дур е една од најпознатите од сите миси и често се изведува на познати фестивали во цркви опремени со добар хор и оркестар.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Бетовен останал таму до есента напорно да работи на оваа, негова прва миса, како и на некои оркестарски дела, вклучувајќи ја веројатно и Симфонијата во це-мол, како и Пасторалната симфонија.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Секоја недела одеа на миса. Го слушаа хорот, качени на галеријата, ги впиваа проповедите и убавата енергија што владееше помеѓу верниците.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бетовен верувал дека ако напише една или две опери, неговите приходи ќе се зголемат до тој степен што ќе му овозможат целосно да го насочи своето внимание на создавањето симфонии и миси, жанрови кон кои природно бил наклонет со оглед на својот темперамент.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Некои од најдобрите дела на Моцарт и Хајдн се во оваа форма42, а како органист со сигурност бил запознаен со нивните миси.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Неделата, кога излеговме од миса, нѐ придружи густ и мрачен ветер а потоа се нафрли дожд.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)