мисловен прид.

мисловен (прид.)

Сплетки на љубов, чувства и омраза низ меридијаните на мисловниот распон.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само чувствуваше како ја лулее нешто и носи над и вон сѐ што би можело да се опфати во било каква мисловна рамка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Објава повеќе драми се случуваат во мигот на обраќање зборовите ги одгледавте но срцето неприпитомливо интимно тера по свое граѓани час е кога мораме да погледнеме во мисловните спреги од нив зависи тежината на зборот климата на подрачјето на душата обновата на смислата младоста граѓани час е да се свртиме еден спроти друг со силата на љубовта во име на огнот допуштам да се размножува симболиката на Дрвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Марксизмот беше само еден од филозофските мисловни текови со кој се послужи Ленин за да ја преземе власта од царистичка Русија и ја наложи советско-комунистичката, за да дојде потоа Сталин со уште пожестоката и помилитантна идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка ми, пак, тежеста на историјата не ја чувствуваше како татко ми од мисловната страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само неколку часови номадска мисловна осаменост и моите еруптивни мисли и незауздани чувства ќе си го најдат патот, целосна метармофоза на осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веќе ги кршиме мисловните навики што преживеале од пред Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
* Се спуштаат низ улицата бронзена, како некоја кралска поворка составена само од кралеви. Кревајќи облак звуци нечуени, метејќи ја прашината мисловна.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Јазик, слобода, дух, непобитно е, дека феноменот на јазикот не може да се заобиколи, дека тој претставува апсолутна материја на поезијата, дека е стожер околу кој кружат и музичкото и ликовното и мисловното и духовното и самото време, најпосле.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дејството „пијам вода“, кон Димитар и јас лесно и постојано го користиме (на вообичаената августовска скопска жештина) наведната над некоја од градските чешми, за него е мисловна (и гадлива) именка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Движејќи се низ многу мисловни одредници надополнети со јазикот на комуникологијата, пред нас испливува топол свет од знаковни галерии и одредници.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Со години стојам збунет пред бесконечниот список на имиња на ѕвезди и болести, на месеци и на денови, на села и на цвеќиња; со години се мачам да ги насетам сенките на звучната линија на македонските придавки со години си живеам во прелага дека еден ден поодблиску ќе го запознаам, поодблиску ќе ја насетам сензначноста на емотивниот и мисловен предел на македонскиот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во денешниот момент на (македонското) новинарство кадешто лаже кој стигне, кадешто моралната одговорност во најдобар случај е мисловна именка, и кадешто мошне често ни за највулгарните и најприземни навреди не може да се добие ни минимален отчет, навистина е во ред прашањето зошто, кога веќе се залагаме за промена на состојбата, не потпишуваме одредени свои текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Концептуален уметник, поет и младински активист, Митко Гогов Има една одредница за поезија која се бави со големите животни прашања - неа најчесто ја нарекуваат „мисловна“.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Во информатичкиот период, еволуцијата е дефинирана во термини на мозочната моќ. • Способност да се управува мозокот: да се активираат, унапредат, вклучат, досегнат невроканалите; • Способност да се реформатираат и ре-едитираат мисловните фајлови; • Способност да се примаат, процесираат, испратат пораки со брзина на светлината. • Способност да се комуницира во мултимедијален мод; да се создадат аудиографски речници и граматики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја вртам главата, во ограничениот мисловен свет на овој старец би ме обзела мачнина; само поради тоа го одбивам пијалакот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со други зборови, својата авто­номија во однос на татковските инстанци кои настојуваа да го ограничат неговото мисловно поле тој макотрпно не ја освојуваше само затоа безмилосно да биде проголтан од онаа прождрлива мајка, неговата култура: „Пред француската, германската, италијанската култура постои човечката култура“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе