младешки прид.

младешки (прид.)

Тој сакаше на прекрасната Французинка да ѝ го покаже својот младешки дух - затоа, кога ќе се вратеше од работа, готвеше вечера, па со најлуксузните тренерки и спортска чанта гласно ја треснуваше вратата со надеж дека таа ќе го види низ дупчето и така ќе се заинтересира за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не е чудно што во тоа време моето внимание е свртено кон самите нас и нашите младешки односи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзината миленичка мораше уште од првиот ден да го плаќа данокот на својата младешка авантура.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зато треба да се склопува со разум и одговорност, а не со некакви младешки чувства и соништа кои немат врска со реалноста.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се чини дека секој збор е бележан со сите младешки желби, копнежи, тагувања, пасакувања и болки и е извезан и украсен со коприна и мониста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од тронот на упорноста песната владее поприродно Одошто од амфората на младешкиот занес.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Двете стоеја во паркчето под саат кулата се држеа возбудено за златното ланче околу вратот на Томе и страстно тонеа во своите младешки желби и мечти.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Милозвучноста на измешаните младешки гласови не стасуваше до ушите на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На триесет и пет годишна возраст тој веќе таложеше сало на вратот и околу половината, но неговите движења беа отсечни и младешки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пронижана, ете младешката снага ја урива долу куршумена гроза.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тие солзи Томо го прочита сето нејзино каење. Нејзината младешка незрелост и избрзаност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сеедно, кренатиот поглед ја плати должната сума и во прецизен натурализам ги здогледав: острата боја врз реткоста на косата, старите испакнати вени и младешката облека, злоупотребата на психологијата како наука, вечното незадоволство од очекувањата, нискиот стремеж кон „високи“ случувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога им се вкрстија погледите и двајцата знаеја дека сѐ уште длабоко во нив се крие жарот на младешката љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште во овој чудесен град на Босфорот, во неговата развиорена младешка свест зачна идејата на животот да трага по семејната историја и како Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Наспроти него и наспроти сопствените младешки восхити, Гете на уметноста ѝ ја намени мисијата не да се расцутува над таа зависност туку да ја трансцендира.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе