млекарче (ср.)
Скицата со податоците стави ја во Волшебното самарче и прати ја по млекарчево.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Млекарчето го зеде тенџерето, ги кладе парите во џебот и ѝ измери едно кило.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Слатко овчо млеко! Низ улиците одеше дете млекарче и викаше. За огламник водеше сиво коњче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Малото млекарче тргна крај Дримот... Безброј мали рипчиња се превртуваа во водата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Како, млекарче? Го продаде млекото? - му викна Евто горе од чатијата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Досега беше дрварче, а утре ќе бидеш млекарче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)