млеко ср.

млеко (ср.)

Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Соседите ни носеа по канче козјо млеко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Старец го крши надве лебот Во лебот мирис на млеко на доилка Легната среде јачменот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кутрето се налапа попара со млеко и муцка си изми во чиничето со вода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тука беа само неговите деца. Ние ги храневме, им носевме млеко, леб за попара.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беа оние исти германски војници, кои раното го видоа како продава млеко.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Келнерот го послужи со млеко и пак се сврте кон автоматската каса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Никој не знае за мојата мака штом ветроштини ѝ го зеле млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сум чула дека млекото мајчино било како смолата од смреката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Често ќе добиевме чаша млеко или парче леб со козји кајмак.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Млекото на козите во тие тешки волчји времиња стануваше еликсир на солидарноста, а и формулата на неговиот состав не можеа да ја утврдат никакви партиски документи и планови за изградба на новиот човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Носеше лонец од кој се креваше врела миризба на млеко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе ја подзавртат главата и ќе ми го истурат млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после се крши и се вари со млеко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе