многупати (прил.)
Многупати другарував со ГРЕВОТ со тој бесрамник и подлец знаеше да ме излаже често а јас да му верувам слепо
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Кога имаше ливади, пред да ги потисне водата, многупати коњите ги носевме ноќе на пасење. Тие тогаш 'рпаат од тревата и фркаа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Дедо многупати така ќе ме праша да не ме пречекорил некој што не растам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многупати учителот на часовите по сметање нѐ тераше да пресметуваме колку пати ѕвончето во годината ни штракнува од еден час до друг, или од еден одмор до друг.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Многупати ја барам и таа што ми е в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И многупати ќе се случеше да ни напишат некоја порака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Би сакал да го најдам жив, помисли многупати тие денови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Многупати правиме нешта што не ги сакаме, или не правиме ништо за нешто што многу го сакаме.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Многупати ќе ми дојде за здравата нога да се фатам, мислејќи дека таа ме боли.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многупати се случува да настрада кутриот од некое мувиште што ненадејно ќе му влета в уста.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Многупати на анџијата ќе му истуреа цела вреќа стока само за неколку кила ракија и вино. А и зошто да не? Таа не беше со пот заработена и со крвава мака спечалена.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Татко ти многупати пред мене има зборувано дека Иван Степанович им дозволувал на многу љубопитници од кафеаната да ја разгледуваат таа слика и да уживаат во неземната убавина на девојката но и во големите можности и талентот на Јенков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Многупати и мене така ми идело.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На шијата му се протегаа брчки: можеби навистина многупати и се бесел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На тој изгрев многупати и без збор во мислата сме му се молеле, ако не повеќе тогаш барем за миг заборавајќи ги тегобите и неизвесностите што ги носи денот а со тоа и сеќавањето за она што било.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сѐ ќе чуеш... Многупати човечката фантазија е поголема од неговата болка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)