мнозина прил.

мнозина (прил.)

При сѐ што беше речено погоре за новото течење во развивањето на националното самосознавање кај нас, ми се чини оти мнозина од вас во моите мислења и зборови ќе видат само една мистификација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така мнозина ќе забележат оти малите држави се однесуваат со таква недоверба кон улогата на Бугарија во Македонија како што се однесуваа големите сили кон улогата на Русија во бугарското ослободување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мнозина ќе речат оти моите утврдувања за некакво ново течење во развивањето на националното самосознание сред Македонците е само мистификација на неколцина Македонци, но дека таа мистификација нема под себе земјиште и затоа како што се имаат скоро појавено на белиот свет, исто така скоро ќе исчезнат од него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знам многу арно оти мнозина со иронија ќе се однесат кон моите надежи за европски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јасно ми е со какво негодување ќе се однесат мнозина кон овој мој предлог.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мнозина може ќе речат оти вистина добро е човек да се позамисли над прашањата засегнати во оваа книга, но сега уште не му е времето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мнозина од македонските читачи ќе бидат зачудени од појавувањето на таа книга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие се најглавните приговори што ги очекувам од мнозина од моите сонародници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби некој, а можеби и мнозина меѓу нас ќе речат оти уште е рано да се суди за резултатот на воставањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мнозина отидоа од страв да не им ги запалат куќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мнозина од вас знаат дека нема метро со кое да се измери височината на татковската гордост од првороденецот која расте и ден-денес барабар со нашата загриженост за економската криза и општите состојби.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Проектите за реформи и усилбата да се воведат тие не се, како што мислат мнозина, само игра да помине време и да си остане сѐ како што си било.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Луѓето со такви претерани, нереални, опасни желби мнозина ги одбегнуваат, ги нејќат за другари, за пријатели, за соседи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе