модар прид.

модар (прид.)

И ѝ кажав за далак пупање кај да оди и за Одобрено дете што да прави, ако е детето само занесено и само да спие: да му намачка малку мед на модро книже и да му го врзе на папочето и ѝ кажав како да му го врати сонот на детето, ако му е земен од месечината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За оваа незаинтересираност може да се наведат повеќе причини, но како основна треба да се смета августовското попладне кое беше и премногу натрупано со оган што бавно се влечеше кон модрите високи планини на запад.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Виљушките на обајцата завршија во чинијата со кавијар од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Го пречека модра тишина и бел зрак врз неуредниот кревет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И еднаш најде зад прагот модро плико на кое со молив китнесто беше извезено неговото име.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А гледам модар камен устето му станува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Модрата челуст на мракот е безгласна, под влажните покриви на куќите болуваа од жед по него многу девојки со топла кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На модриот пат, Патнику, на модриот пат на собирот од засмеани чудни девојки качувајќи се по нивните бедра како по огнови на модриот пат небото руменее.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Секнуваат модрите жилички под проѕирната кожа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето е модро и во рани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тајната за чудниот продавач со модар прстен на малото прсте од левата рака, не им ја кажав на моите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неговото лице сега беше црвено од потта и на места лилаво и модро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шегата на страна, но модриот патлиџан нема само гастрономска туку и цивилизациска вредност, посебно за медитеранските народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе