можеби (мод.)
И можеби ќе се кренеше нешто, да не дотрчаа стражарите да нѐ избркаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можеби немале време да ги видат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можеби треба да се користи како претпоставка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Го видел. Можеби навистинаа го видел својот нажален демон.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но ако беше така, тогаш Бугарите можеа да им кажат јасно на Македонците, да не се надеваат на нив и можеби не ќе се добиеја тие резултати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да знаев, можеби ќе видев ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се растуривме денеска и можеби никогаш веќе нема да се видиме и собереме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Колку загубено време можеше да се надомести во откривањето на вистинските зборови кои можеби и го содржеа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ние се викавме Бугари. Со тоа, од една страна, сакавме тоа име да ни послужи како центар околу кој ќе можеме сите да се згрупираме, без да бараме за таа цел некој друг, а можеби и сосем нов, од друга страна, ние мислевме оти вистина во соединувањето со Бугарите е нашата сила.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Имаше видено како пушачите го прават тоа; но не знаеше зошто го правеа, можеби тоа беше само гест, еден од маниризмите, што беше структура на ритуалот на пушењето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„О, како убиството да е помалку ужасно? Немој да мислиш дека не сум помислила и на тоа. Можеби ја убило копилето кое ја затруднело, ха?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И можеби не само за тоа додека за миг се наднесуваше над мене и ги криеше со влакнестиот подбрадок и своите очи и птиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А можеби несреќникот само замижал пред незнаењето како што слепецот е спремен да ја прогласи за ден и опачината на денот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Можеби поттикнат од овој впечатлив сон кога се разбуди ја истресе од себе правта на ноќта и истрча на терасата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Една насмевка ќе е доволна да ја разбудам нежноста во секое магливо утро, а нашите изгубени души ќе се пресретнат длабоко во ноќта во твојот и мојот сон и можеби таму искрено ќе се исплачеме и ќе си простиме...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)