можност ж.

можност (ж.)

Тогаш ќе се има можност да се види оти нашите интереси се така сплетени со нивните што со загубувањето на едните губат и другите, а сета полза од нашето непријателствување ја извлекуваат трети, ќе се рече, малите балкански држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега можноста за пушење го заинтригира, не само да запали цигара и да ја пувка, туку да ја пуши како едно потполно ново искуство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа е единствената можност да се воздигнеш, да станеш голема, голема да те видат сите, сите на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа е воедно и можноста да се биде вечен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но токму нашите сметки не им даваат на европејците можност да му притекнат на помош на мирното население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мора на нив објавата на моето предавање да им се видела како можност да присуствуваат на мојот духовен закоп.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не тажеше поради тоа дека ѝ е одземена можноста да седи и да ги разгледува тие слики.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Метежот кој се создаде при слегувањето не му даде можност да ги провери своите сомнежи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Концентрираниот видокруг пред нашето ширум отворено око можеби нуди можност за едно ново осознавање.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Луѓето во него препознаа интелегентна забава и можност во слободното време да се едуцираат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сега за прв пат постоеше можност да се изнуди не само целосна послушност спрема волјата на Државата, туку и целосна униформност на ставовите за сите прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак, воведена е можноста за намалување на правата и тоа, pro futuro, може да има негативни последици врз статусот на работниците; б) измените на ЗРО (1993) од 2000, на ист начин, селективно ги намали „овластувањата“ на колективните договори.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Укината е и можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена, правото на првенствено купување акции од страна на вработените при условно зголемување на основната главнина, како и правото на вработените да им се издаваат нови акции врз основа на влогови во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе