мозаик м.

мозаик (м.)

Никој не можеше да рече ништо, но татко ми дури на пладне можеше да го состави целосниот мозаик на ноќните настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ја оставам да прави што ќе прави и еве сум на вратата од големата свечена сала на Парламентот чие душеме го украсуваат мозаици, ѕидовите огледала и слики од нашите стари мајстори, а тука се и двете колонади мермерни каријатиди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мојата крв е разлеана во небото На мозаиците. Мојот збор е занемен Во летот на јатото.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Наизменичните монолози или секвенци се само разнобојни каменчиња што го надополнуваат и градат мозаикот на приказнава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мозаиците, мермерните столбови и колонади станале жртва на варварските постапки на поробувачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Градините на кои работел станувале цветни мозаици, се чувствувало неговото присуство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Слеговме во Стоби; тој ме држеше за рака; немаше во тој допир ништо сексуално, ништо еротско; ме држеше како да е светец и како да сака да ме воведе во света тајна; одевме, и набргу се најдовме на местото каде тој се имаше опиено, пред толку години, на екскурзијата, крај мозаикот со паунот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Постепено, научниците го составија мозаикот за настанокот на писмото, но тој содржи многу празнини и подложен е на различни толкувања.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
(...) Вистинската фантастичност не се состои толку во строго прераскажаните околности колку во одекнувањето на отчукувањата, ненадејните удари на срцето нам непознато, поредок што секој момент може да нѐ искористи за некој од своите мозаици, исфрлајќи нѐ од здодевноста, е затоа за да ни турне молив или длето во рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мозаиците и фреските во црквата Хора во Константинопол, покажуват енергија, свежина и убавина во споредба со кои италијанските творби изгледале примитивни и сурови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како е сега таму мирно под розикавата пена на расцутената праска И како потрепнува на осамената клупа мозаик од нежни полусветлини.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Формите на буквите добиваат звук, боја, заповед, иронија... се разоткриваат пред читателот како мозаик од судоку сложувалки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Му реков дека тука никогаш немало никаков мозаик со пајак.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лицето на Момчило не е збунето, неговите очи како да се симнати од коптските мозаици, на дното од кадифената чашка на цветот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе