мозочен прид.

мозочен (прид.)

Наеднаш ми проструи низ целата телесна мускулатура една морница која со молскавична брзина стигна до мозочните ќелии.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За овие неколку месеци заеднички живот, ваквите мозочни екскурзии на својата внука лесно ги препознаваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се појавуваат идеи дека еден ден веќе нема да бидат потребни технички средства за пренос, туку и мислите и идеите ќе се одвиваат низ чиста размена по пат на мозочни бранови што ќе пулсираат низ целиот свет, секој пронаоѓајќи ја својата цел во тој „организиран хаос”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во електронската меморија неколку преувеличени мозочни функции се проектираат од човечкиот череп врз неживи објекти со чија помош тие функции можат да бидат набљудувани и манипулирани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сето тоа со текот на еволуцијата се усовршува, па доаѓа и до развивање на уште повисоки мозочни функции.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, ние сме свесни за важноста на нашите индивидуални мозочни ресурси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пасивен консумент на реалноста Вештини на електронска реалност Се конформира со доминантниот Креира сопствен животен стил културен животен стил Конвенционално морален и Сензуален- сензитивен неморален Управува со сопствениот мозок; Избегнува мозочни промени; ги психоделичен прифаќа културалните модели Пасивен електронски консумент Електронски комуникациски вештини; кибернетичен
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако веќе ме дупат у здрав мозок почнав да размислувам како би можел во таквата ситуација да профитирам, односно да успеам да ја наплатам таа мозочно сексуална активност.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Компјутерски кодираниот мозочен центар за уживање, врз основа на компатибилноста на електромагнетното и електрохемиското, ќе биде исполнет со технолошко генерираните сексуални сензации што ќе ги надоместат реалните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Рекламирање, изнајмување, споделување на сопствената мозочна моќ со другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега оддалеку гледам како врват низ улицата сребрена, дишејќи го воздухот на бесмртноста, без да ме примат во нивната дружба, на нивните идновековни патувања низ безбројните златни улици, покрај милионскорачните мозочни аудиториуми, во милиони разнобојни глави на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Филозофот Даниел Денет на пример, убедливо тврди дека постулирањето на мозочни центри всушност значи едноставно поместување на сите оригинални прашања во врска со однесувањето на животните во еден “анималкулус” во внатрешноста на главата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Браво, уште ова требаше. Малку ми беа мозочни кризи, па сега треба да се справам со љубомора.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите клетки, па ни мозочните, не добиваат замена – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Татко на работа доживеал мозочен удар и итно е префрлен на одделението во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И секогаш тие инсекти, неповикани, наездливи – комарник се вика мојата кора мозочна.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Повеќе