молежлив прид.

молежлив (прид.)

Очите на братучедите веќе им се наполнија со молежливи солзи како на елени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Изгледа ја боли од моето стегање па ја врти главата кон мене, и обете се гледаме молежливо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се обидов да го убедам, колку што можев молезливо и благо, но тој стануваше нестрплив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Звуците, гласовите, тивките лелекања, болежливите потстенкувања и молежливите довикувања на ранетите веќе не допираат до неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под дождот куршуми и гранати сите бегаа, се криеја да спасат глава и зад себе го слушаа болниот, ужасно исплашениот, молежливиот и проколнувачки глас на Лина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молежливиот шепот се губи во болното офкање, замолчува, одвај се насетува неговото дишење и кога му се враќа свеста, тогаш со глас што одвај се слуша, тој пак моли, проколнува, пцуе...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѝ се доближува загледана во полулегнатата девојка, подзастанува, некаков сомнеж ја гризе и кога се доближи на дофат на рака, застана, и се загледа во лицето и во очите големи и црни, молежливо вгледани со вкован поглед во неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Устата да ти се позлати, сестро, - кажи, стопи ми ја грутката во градиве... - се одѕва молежливо мајката и ја стави на градите раката украсена со скапоцени прстени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во истиот миг допре до него и го омаломошти мекиот, молежлив глас на Јакима, кој остана на докот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Молежливиот израз во очите на непознатиот ме натера да застанам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во малендавите пламенца на свеќите потулено и со стравопочитување да ги искажуваат и редат молитвите за исцелување, добрина и бериќет и да чекаат во надеж дека Горниот ќе ги услиши и ќе им ги олесни маките, болките и болестите; да кажат сполај Господе, ако се роди бериќет, ако се врати здравје, ако дојде принова, ако извор протече, ако дожд заврне... да искажат молежливо клетва, ако...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од „старата школа“, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И тогаш низ телото на младата жена поминале трпки, а нејзините молежливи очи упатиле поглед што го зборувал истото што би го кажале и подадените раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Девојката подаде рака кон Фимка и болно - молежливо, пеколно изусти низ литеж: - Мајко... мајко мила... - скршен шепот и липтеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Чорбаџи-Дико ми требаше, од далеку сум и имам една мака, - молежливо рече Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Леле, не се сеќавам колку пати сум тргнувала, сум ја искачувала коријата, ама молежлив глас ме враќал накај домата - Ќе дојде, мајчице мила... ми вети... ќе дојде...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И виде како лесно се подигна кон челото раката на Тинка, како молежливо и заносно е озарено лицето на Мита и долго е закован во таванот погледот на Зоја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молежлива, блиска, маѓепсничка и волшебна, умилна, заносна и ожална, ту гласна ем тивка, мека и смирувачка, страстна и вдахновена, побожна и трогателна, заводлива и нежна, радосна и слатка, ветувачка и измамничка, се разлева по ливадата песната на штурците, го преполнува воздухот, проникнува под секоја тревка, прекинува колку за да присобере здив и одново се разлева, одекнува, тече, се шири, се издигнува и лета и постојано без прекин и престан моли: - дојди - дојди - дојди...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе