молкома прил.

молкома (прил.)

Античкиот град молкум го напуштаме ги памтиме звуците на животот пред катастрофата и се разбираме со чкрботот на забите и случајните крици кои личат на оние од мигот на уривањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ се случи или усно или молкум како воопшто и да не било.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во порфирните одаи, библиотеките и зигуратите молкома копнееле не ревеле, не блуделе, не ловеле ни ноќе, ни дење не биле опасни, ни слободни па сепак живееле!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Татко ми, како секогаш откога се разболе, молкум читаше во фотелјата, со грб кон вратата, далеку од куќата, во ужасната осама со која се мачеше себе си и другите, во која тонеше упорно, тврдоглаво, обземен од сопствената слабост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Внимателно излезе од одајата, слезе по скалите уште повнимателно и низ дворот молкома се приближи до портата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури и на непријателот што го демнеш молкум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие мудри суштества кои молкум лазат покрај нашите нозе, така незабележливо, се трудат да опстојат во сенката на стопанот што го одбрале...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Молкум ми ја подаде стомната загледана во мене како да сум игла низ која треба да се спровре конец и со која треба да се закрпат сите пукнатини на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми молкум го прими ова логично расудување и тоа можеби беше пресудно што ја купи козата и ги одложи црните мисли за во иднина...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чекалната се расчисти и тивна. Останаа неколкумина седнати молкома по клупите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Томето само молкум климаше со главата, дишејќи полесно и чувствувајќи во секоја пора од нејзиното тело огромно олеснување дека нејзиниот Перо не ѝ е љубовник на опасната убава Атина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вака ако затера, богами, виртуози ќе станат, авторитет на лажните појави, таложејќи си го по страна својот капитал, како сталагнити или креч создаден молкум, полека како во подземјето на глечерите во македонските длабоки јами, многу далеку од очите на работничката класа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сѐ такви мисли ме демнат, молкум за срце ме фаќаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега единствено ноќта се движеше во душите на двајцата луѓе привиени над нивниот осамен оган во дивината; мракот молкум се вовлекуваше во нивните жили и тивко им баботеше во слепоочниците и зглавките од рацете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Девојките молкум ги веднеа главите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По тие неколку волшебни минути повторно седеа молкум, Томаица и понатаму беше во неговата прегратка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Петар молкум седна и разгледуваше сѐ што имаше пред него.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одејќи околу трло, го догледала кучка Лиса и му се пуштила молкома, та го фатила за опашка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Повеќе