морничаво прил.
морничав прид.

морничаво (прил.)

Ти си песна, а јас нејзин пеач слушам како навива звукот шепоти тихо морничаво „Неповратен сон сонуваш!“
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но стравот повторно ме задраска морничаво по снагава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Куќите од двете страни на улиците беа морничаво неподвижни во муграта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од кај потокот уште се носеше тоа морничаво давење, жржење, и како ноќ остро се забиваше во тишината чукањето на волчешките заби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Небо, отвори се. Ме надгласува тоа бело морничаво довикување на молњите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не беше еден крик, беа верига крикови, кои морничаво, иако ништо и никого не застрашуваа, одекнуваа над снежната ноќ. Тоа беа жерави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Димензиите на остварената погрешна идеја, на мамутската глупост, беа морничаво врежани во пејзажот, како една од можните варијанти на апсурдот откриен во сините медитерански простори од Албер Ками во неговата филозофија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од него не дуваше студеното и морничаво ветре, туку зрачеше спокој и блажен мир.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во лицето, место сѐ друго, го штипеше една лута осојница, а виделината изгаснуваше во некакво сиво димење меѓу честите скочанети стебла со долги бели бради, од зад кои чиниш постојано си го подаваше своето таинствено морничаво наѕиркање некаква лута, сива магливост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Запаѓаше во нездравиот оган на треската и во поматената свест претчувствуваше нешто што немаше сили да го избегне. и постепено се губеше во морничаво бладање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се втурнуваш заедно со луѓето во продавниците, во дуќаните, морничаво бавно минува времето во огрмните хали на стоковните куќи, додека чекаш во „опашка“, за ова или за она.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заедно со неа се разбрани и студено, морничаво ветре; морничаво како што се морничави и снагата, и мислата и душата при секое вакво исчекување, при секое судбоносно и важно решавање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но сега се веќе во онаа доба кога силата од ден на ден ги напушта, кожата им ожебавува, пука, се лупи; им стрчат оголените гранчиња ко суви ковчиња, чкртаат на ветерот грозно, морничаво.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- И што ти е, јас да не ти ја запалив куќата? И смешно и морничаво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онаа голема, распафтана мечка, отскокна од неговиот истрел, се подигна на задните нозе и остана така, исправена суза, погодена и згрчена, во едно морничаво превивање, во кое што болката бликаше многу посилно од секаков вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но бргу се исправа и сега веќе нежните акорди на „Месечева светлина“ се заменети со нешто морничаво, сега веќе Брукнер го заменува Дебиси.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Она негово морничаво искачување по угорницата можеше да биде само едно просто изменување со еден друг, што ќе чекори напред, и сега тие двајца ќе можеа да си бидат в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе