мотика ж.

мотика (ж.)

Луѓето ни отпоздравуваат со кренати мотики и тупаници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По неколкупати луѓето ги креваат мотиките над главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги разурнуваа изгорените родни огништа и вадеа што не можело да изгори: лопати, мотики, копачи, синџири, пирустии и сѐ друго од железо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Само малку ќе се потпреш на рачката од мотиката и ќе ја кренеш стомната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама само што удривме по неколку мотики, само што скршивме по некоја грутка и од небото почнаа да паѓаат пилиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми вели и уште стои така потпрен на мотиката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ секој прст земја треба мотиката да помине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе свршиме со една меѓа и ќе се стрчаме кон друга. И ораме со мотиките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има руса коњска глава со муцка ко мотика, ко собуена чизма.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја штракам земјата, а стебленцата ми подрипнуваат покрај засекот од мотиката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И мотиката ми игра пред мене, спипиле што се вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сме застанале така во браздата, ко посадени, сме се потпреле на рачките од мотиките, и гледаме во небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сами ковавме кондури правевме бочви, мотики, с нашите раце мајсторски дигнавме бели градови.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Море - заканувачки шиштеше баба - држи ја мотиката зашто до гроб ќе аргатуваш како Пандето на Ленка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе