мочка (ж.)
Кутрите мочката не можат а си ја задржат. Им забранив да мочаат во рововите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Широко ја отвори вратничката, што беше натрупана високо со снегот однадвор и не мораше да се оддалечува многу за да подзастане и да гледа како мочката пробива црвеникава инкаста дупка во снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Лут мирис на мочка и на плесниво сено му удрил в лице. Се олабавил и го повикал најстариот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како навлегуваше во сивиот мрак, така му се изоструваа сетилата за мирис и слух: испарувањето од мочката на ноќните грабливки и од крвта на нивните последни жртви, трепетот на листот што паѓа и зуењето на невидливите инсекти не го оттргнаа од главната трага што ја следеше како извежбан загар.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Отсекаде смрди на пот и на мочка, ти запира здивот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Меѓу првата мочка и последната гуска, меѓу првата лига и последната семка, се простира господинот кревет, долг цел еден живот.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Во воз сум кој изгледа како да е од повоена Русија, седиштата од чија утроба ѕиркаат потемнети сунѓери и зарѓани пружини, прозорци кои не се сеќаваат кога последен пат биле отворени, реа на мочка (купето е изгледа блиску до ВЦ-то), и завеси со кириличен акроним, тромави од насобраната прашина.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)