мразарница (ж.)
Тоа беше во северната соба, во мразарницата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Мислам дека во срцево ми стои некоја осојница, некоја мразарница.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко празна и студена соба. Мразарница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мијалницата беше една неподнослива земјаница, жива мразарница.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во еден момент дури и праша зошто сум ја однел во градската мразарница, зарем не сум можел да изберам поадекватно место?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)