мразен (прид.)
Кошавата таа есен со мразни шлаканици многу порано отколку обично, го најави доаѓањето на зимата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, мухамеданските темници се толку темни
мразни и омразени
што и носталгијата ја губи смислата
Во нив на сонцето мислам само по сеќавање.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И навистина така и би. Иако беше сѐ затворено, однекаде во собата се вовлече студеното ветре, ги заобиколи пријателите, ми се заобрачи околу градите и ме стегна како со мразен ремен.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Петлите своите утрински песни ги лигавеа како скочанети реси или како мразни синџири ги фрлаа во воздухот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)