мрачно (прил.)

Неподготвена за поигрување со степенот на толеранција, се препелкав во мрачно претпазлива неизвесност и колебливо погледнав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сѐ уште било мрачно. На исток се провирала бледата лента на зората.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во одајата стана мрачно како во рог, а ветерот како палаво дете што згрешило, чиниш сфатил што сторил, стивна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Навистина надвор беше студено, тивко и мрачно но никаква миризма на снег не се чувствуваше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Мразите да позирате. Пред објективот вперен во вас како пиштол имате сериозно, по малку мрачно и намуртено лице.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мрачно му било денес и на човекот кој висеше на дрво, во паркчето карши Нова Македонија... сонцето не го видел.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Широките подискинати карти, распослани врз училишните табли, тврдоглаво го поврзуваа со зборот непристапност – небаре големите предградија сакаат да го заштитат од туѓинци и потем исползуваат за некое мрачно нечествие од типот на баба чиј остарен син, поради неа, воглавно, останува сам...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Колку повеќе се будеше, сѐ поодредено разбираше дека она одвратното и навредливото е токму тоа што постои, а она што го прекина овој смел глас е така полнолико гордо, силно и младо и сета негова намачена душа жедува за она што веќе не постои и што престанало да биде живот и се претворило во некаква оддалечена светлина а без која е тескобно и мрачно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но в утрини мошне рано Тргнуваќи пеш кон градот Чувство мрачно во мене се збрало Лажен призрак вчерашното било Сето волшепство од вчера се скрило Нигде човек, толпа на плоштадот Никому ни добро утро, ни здраво Нигде луѓе со марионети Нигде сликари, ниту портрети Ниту какви било други марифети Само тажен, тажен изглед на градот. 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Нејзиниот парфем мрачно лебди во непроветрениот воздух.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мрачно е и ѕвездено. Петре се качува над манастирот, седнува на чисто место.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И свети во таа темнозрачна мрежа како мрачно сонце отровно!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лужин ја заврши работата, излезе на платформата и застана на вратата бочно потпирајќи се на довратокот. На станицата беше мрачно и пусто.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина, топлината на буквите, и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како мрачно предупредување дека е виновен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Морето е просторно, час мрачно - набрчкано и може ли некој да летне од оваа клетва?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше мрачно и свежо затоа што ролетните беа спуштени. - Дома нема никој.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе