мрзливец (м.)
Крај распален оган седат двајца - веселиот мрзливец Петко и високиот подгрбавен Турчин Абдула.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Другар ми Горан на својот глушец мрзливец му има направено вистинска куќичка, безбедна толку што тој нема шанса да мрдне оттаму.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Магаре едно, мрзливец, за ништо неспособен, што, што си направил, бадијала го јадеш лебот, бездарник, - со најнавредливи зборови го удираше секој час, просто го газеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Претходниот важен раководител скокна во фотелјата како топка, а младиот господин, наречен од него мрзливец ме предупреди на уво дека дојде директорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)