мрмори несв.
мрмор м.

мрмори (несв.)

Воздухот постојано нешто мрмори: може да нѐ фатат на легло, што се вели, натерани под земја, заробени од стравот, од себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стариот ѝ се предаваше на молитвата, сакаше да брбори ... мрмореше цел четврт час, со тоа завршуваше лапачката...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како може, слушав како мрморат за мене, да седи цел ден и цела ноќ над машина!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кметот мрмореше правејќи со сила напори да ја фати мелодијата и да ги следи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја крена главата кон небото и почна нешто да мрмори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ги префаќаат така и мрморат нешто над нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кураж и само полека - мрмори човекот под нос - и макаршто ти тежи веленцето, ти продолжи си по правливиот пат сѐ додека не згасне горештината и не падне првата роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега тој мрмореше полугласно, како во себе да повторуваше лекција која подоцна требаше напамет и наглас да ја каже пред некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ранетите дремат, мрморат, стенкаат, хрчат, викаат во бунило, пцујат, реват во тежок и болежлив полусон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе видиме... - мрмореше Џивџик препрочитувајќи ја пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Војничето ми мрмори нешто на уво, а јас ништо не го разбирам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Интересно лето! - си мрмореше старецот. - А што знаеш. Може па и да биде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Војничето ништо не ми кажува, ништо не ми мрмори на увото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали ме разбра или не ме разбра, тој пак си мрмори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таква храброст уште не сум видел, можеби мрмореше малечок, но тоа беше храбро.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Па и сега, иако разумот му велеше дека пораката веројатно значи смрт - сепак, тоа не беше она во што веруваше и неразумната надеж опстојуваше, и срцето му биеше, и со тешкотии си го контролираше гласот да не му трепери додека ги мрмореше своите бројки во говорпишувачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе