мрсулав (прид.)
По неколку дена падна и снег. Некој мрсулав и недотамен снег. Студен и длабок.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Едно големо и разлигавено мрсулаво, плачливо дете кое плаче по играчката на сиот глас, а кога ќе ја добие таа толку убава играчка гневно ја фрла на земја и бесно ја гази сѐ додека не ја искрши до последното препознатливо парче.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кога виде дека ја нема, ја тргна Ане за раката, таа што не беше мрсулава, ѝ ја викна да дојде кај нив во дворот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како мрсулаво дете си! Ебати човекот!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ама тука си е милата учителка - да утеши, да избрише солзи и мрсулаво носе - и така ми стори, и ме убеди дека тоа можело секому да му се случи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зло: принцеза (прст во носот!), сета грда, сета грда, со предолги уши мрда, пред мрсулав принц и клепкав таа везден ноздри чепка.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)