мрша ж.
мршав прид.

мрша (ж.)

Би можеле со своето жалење да ме подмамат кон приврзување што значи дека би посакал да се вратам во својата мрша, што фала богу е невозможно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сакале да глумат партизани во шума проклетници кои се хранат со мрши во шумата стрелаа невини срни во градот убиваа човечки души
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во тоа место беше се направил еден бој и многу луѓе имало истепани и изоставени по планината, та поради мршите беа се собрале орли да јадат од мршите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Трчам од некаде да си ја спасам мршата фрлена на подот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под урнатините на плевните скапуваа отепани добичиња, а под чатиите на куќите - сета покуќнина што се нашла во моментот на уривањето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се киросува на мојата мрша несуденото македонско знаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само да ме тресе и да тлеам, да не може мршата да ми се умири.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И плипот народ се качува на купиштата железо, како муви на мрша да се качуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жабите крекаат, некои пилишта се збираат околу некаква мрша пред црквичето над реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеме што ќе ги јаде мршите наши, ама што ќе јадеме ние?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Планињето глас дадоја од шмајзери пукање, речиштата протекоја од крвови течење, ридиштата поцрнеја од фашиските мрши.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Јован Ѓуров како орел на мрша се прибра до над село и чекаше да се истави волкот за да долета да колвне некој сокол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Тоа е многу ако се погледне каква мрша ги раѓа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И по правило нив ги поистоветувам (не според изгледот туку според нивниот ангажман) со безбројните безрбетници, мекоглавци и инсекти: тие секогаш се присутни таму каде што господарат мршите на исчезнувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако нема мрша, нема над што да се 'ржи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утрото по битката, ја затекнува глутницата што се храни со мршите на поразените, прекриени со ситен снег; глетка од прасоздавањето на светот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си ја влечам ногата како тумрук, како букагија, а полицајците идат по мене, небаре муви по мрша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цел свет со виолини, вели, а ние со мувлосана гајда, небаре мрша да ти квичи пред носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе