мува ж.
мува несв.

мува (ж.)

Цели роеви муви и комарци нѐ облетуваат околу стрижените глави, ни ги поцрнуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму се слушаше само брмчењето на мувите и шушкањето на срповите што внимателно ги сечеа стеблата на житото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Замавнува со главата под слабините и коњски муви и болви тепа со муцката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Одвај се одбранив за да не збирам муви по мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сега те плаши грмењето одозгора. И ластовиците оти ниско летаат и насилените муви и болви што те касаат поулавено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се поткренеше малку мувата и пак ќе паднеше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Метеж од муви кои се намножуваат според геометриска прогресија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еден вид пајаци се спаруваат со муви уловени во нивните мрежи: не дочекувале пород и ги шмукале крилестите невести: потоа се повлекувале во пукнатина на карпа за да загинат од отровот на своите пајачици по нивното оплодување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секакви животински муви веднаш му го покрија крвавото лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се одземе човекот и во раце и во нозе и не може ни да се закопча, ни да се почеша, ни од муви да се одбрани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше силна тишина. Се слушаше мувата која громогласно и громко леташе како да е царица на просторот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мене други муви ме јадат и ме чешаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Околу устите веќе им шеткаат муви и комарци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А може од мувите да паѓаа ко муви?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа една мува се одлепила од таванот и паднала низ шишето на ламбата. Право на фитилот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Молчи да не му се изеде устата. Веќе и од мува се плаши да се брани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Скока по неа и врз креденецот, и врз запалената печка, па дури за една мува може да се најде обесен и на лустерот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Замавнало маченцето со опавчето и ја соборило мувата на земјата. Потоа со ножето ја згазнало.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе