музеј м.
музејски прид.

музеј (м.)

Цели железнички композиции не би биле доволни германските музеи да се исчистат од тој шунд.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Требаше да се следи уште православниот чин на атеистичката гротеска во музејот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Режимот не можејќи да се соочи со неизбежниот пораз во рамките на тоталната изолација, настојуваше да се потврдува во градењето на бесцелните музеи, за нивната апотеоза да биде во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Престојот во Атеистичкиот музеј како да траеше цел еден живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одамна моите сопатници сакаа да го напуштиме Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но и без тоа тој бил повикан во последен момент од Водачот да реферира за иднината на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја сметаше за чудовишна идејата за формирање атеистички музеи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И во рустичниот пејзаж врежале зелен музеј за да го покажат можниот скок на земјата од дрвено рало и копач, до плодоносните тераси на ридовите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во мигот како противтежа во чувствата од Атеистичкиот музеј ми навираат спомените од чудесните витражи во катедралите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Атеистичкиот музеј беше поместен во центарот на градот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што ќе беше ако кај нас осамнеа атеистичките музеи, овие вистински концентрациони логори на душите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XIII Најпосле го чинам пресудниот чекор. Го минувам прагот на Атеистичкиот музеј, единствен од таков вид во светот, следен од зборовите на една белокоса старица: „Да даде Господ да ни живее вечно Партијата!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овие патувања се одвивале во избрани места, се минувало низ „тунели” кои воделе низ избраните рајски предели, тераси- градини на ридовите, ведри и насмеани колони работници, за да кулминира пропагандата во музеите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Небичас дамката оживеала и станала џуџест жерав, по многу нешта сличен на еден цртеж во Музејот на современата уметност во еден град.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Додека чекорев низ темните коридори на Атеистичкиот музеј, како во вистинско подземје на потиснатиот дух на народот, ми се наложуваше во различни изблици прашањето – за толерантноста на Албанците низ троверјето кое овде во Атеистичкиот музеј беше на нишан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку и да е интересно разгледувањето на овој музеј, полн со разни гробови на француски великани, потоа со сето она што останало од историјата, неусетно ве зафаќа замор кој затапува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мене ме обзема мислата за доследноста на системот во наложувањето на организираната лага која почива врз една погрешна идеја, зачната и одржувана во заробениот ум, прикажана од музеј во музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе