музикант (м.)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Слепиот Тимон им викаше на луѓето: „Работата гледајте си ја, луѓе: не одете по умот нивни, зашто ќе ви го однесат; и персискиот цар не видел аир од нив: за да им го олесни тешкиот живот на луѓето, побарал од царот на Индија да му испрати даровити музиканти што ќе го веселат народот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мими, викни музиканти да ми свират овде.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Понапред, во таборот на компјутерџиите немаше поделба на хакери, вебдизајнери, мирцачи, програмери, гледачи на филмови, сурфер бадијалџии, техно- музиканти...
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Впрочем, секој век си има свои лудаци и питачи, свои музиканти и поети: колку пари толку музика, колку ракија толку поезија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)