мунѕа (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мајка тогаш му прати скришни мунѕи и му рече: - Тоа е дека не веруваш во вапери.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Жена му на Мил скришум фрлаше мунѕи на Илко и шиштеше низ стиснати заби:  - Урвокос! Сатана!
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          По таквите копилиња сите во селото фрлаа мунѕи, а нивните мајки си го колнеа и животот и денот кога им се подале на војниците в рака.
        
      
    
    
    
      „Злодобро“
         од Јован  Стрезовски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Нејќев тоа да го правам... Сакав само да го потплашам и да се куртулисам од таа кучка, од таа аспидија, зашто откако ја имам земено, ниеден убав збор не ми има речено, туку ми фрла мунѕи и ми надава лоши имиња: Ушленко, Клепезе, Тололе, Шавре, Прде, Шапрдан, Ќепе...
        
      
    
    
    
      „Свето проклето“
         од Јован  Стрезовски 
        (1978)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Гурбетчијата низ пенџере! Ти теквело?! (Му подава мунзи).
        
      
    
    
    
      „Парите се отепувачка“
         од Ристо Крле 
        (1938)