набира (несв.)
Морето е веќе пред нас, се набира и се рамни, се рамни и се исправа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Започна кожата да ѝ се набира, да ожебавува, дебелите засеци на нозете и рацете да ѝ се зарамнуваат, да ѝ се смалува подбрадокот, да ѝ спласнува мевот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ноември е: се менува небото, зачестуваа дождовите, сѐ се позгуснати и потешки, се набираа маглите во скопската котлина, па испаруваа како од коктел гушејќи ги минувачите.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се набира гнев и тој го истурува врз каменот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сосема премалена од жештината и стравот, ги набљудував Индијците коишто ги набираа своите чела, ги кршеа рацете, воздивнуваа, ги подигаа веѓите во обликот на буквата W и ги камшикуваа Индијките со погледи полни темен копнеж.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во Глигора се збираше и набираше немир. Ги тркалаше големите очи на сите страни. Очекуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пулсираше и се набираше, клетка по клетка. Чукаше како жешко срце.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Петрис ги собира веѓите, го набира челото, по целото лице му шетаат брчки. — Ама...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)