набргу прил.

набргу (прил.)

Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу речиси и последната педа од плоштадот беше исполнета од кози и од луѓе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу тој беше силно возбуден и гласно се смееше додека малите фигурчиња надежно напредуваа кон целта а потоа беа изедувани и враќани на почетокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу сите разбраа дека Чанга ги надмудрил републичките и федералните стратези кои го подготвуваа судскиот процес на деценијата во јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Седеше и се грееше, но набргу од топлината му се приспа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Знаеше дека можеш да си сигурен во некого дека е кукавица, но дека е многу незгодно набргу со свои очи да го видиш; а и тој да е свесен за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Метеоролозите секојдневно предвидуваат дека ситуацијата набргу ќе се подобри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беше тоа по малку застрашувачко, како поигрување на младенчиња на тигар кои набргу ќе израснат во човекојадци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу беа отворени околу 87 македонски училишта со десет илјади ученици — на крајот од истата година и привремената влада на Грција на Македонците им призна право на целосна рамноправност и слободен национален развиток.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Набргу во студеното огниште заигра весело пламенче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзините репортажи набргу беа препознатливи кај гледачите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак тоа беше заблуда и не потраа долго, ѕидот, набргу беше бело варосан и насекаде на неговата површина испишавме црвени пароли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само во неговата свест, која во секој случај ќе мора набргу да биде уништена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скршнувајќи од друмот, колата набргу навлезе и се скри во честа коштанова шума.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А набргу од некаде почна да се искрадува приквечерината. Тоа не беше темница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не беа тоа провирни јадења, туку тешки и мрсни кои набргу се залојуваат и ти се лепат на устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но набргу сето тоа им згорче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе