навлезе св.

навлезе (св.)

Османлиските навлегувања на Балканскиот Полуостров се совпаѓаат со внатрешните судири кои ги зафатиле балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Па не мора толку длабоко да се навлегува и сѐ да се сфаќа сериозно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Услов е да бидеш едноставен, скромен човек, за да навлезе светлината на ангелот низ тебе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Настапот на пропагандите го одбележува и навлегувањето на туѓите литературни јазици сред нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со навлегувањето на овие беспризорни номади во нашата улица, широчината со трите багреми стана табу за другите деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мајка ми свето се грижеше за неговите книги, но никогаш не сакаше да навлезе во нивните светови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога навистина ќе навлезеш во суштината на релативноста на нештата, ќе знаеш што можеш да очекуваш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Утринската запурнина насобрана во мали облачиња, навлегува во траповите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во неговите гради навлезе и бодро затрепери свежина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мирисите не се мешаат, ами секој посебно му иде од кај улицата во која навлегува и спрема цвеќињата што растат во дворовите на куќите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Низ напукнатите ѕидови навлегуваа густи редови мравки. Лазеа по собата и се движеа преку мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Незабележливо квечерината навлегуваше во собата, ги множеше и ги претвораше сенките во непроѕирна маса.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Навлегувам во високите атмосфери на сончевите атоми.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе