нагази св.

нагази (св.)

Запалки на нагазување: притисокот се пренесува преку нагазното вретено на вретеното кое се соединува со контактниот испуст и го затвора струјното коло.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште еден роднина нагази на минско поле!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На овој пат двапати нагазивме на заседи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нагазивме на бугарска заседа. Некои фрлаат бомби и бегаат, ама и Бугарите не дошле тука за да садат пиперки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали нешто нагази или нешто го начара, дали некој му наврза нешто, којзнае што му стана за да не може да си легне со невестата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овој ги фати сите пристапни места кон селата и Толе уште на втората вечер нагази на пусија крај бачилото Манчевско во Бешишкото поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред него преплавуваше буица од гневни, беспомошни мисли: меѓу неговите зборови се закануваше минско поле - ако погрешно нагази, ќе биде разнесена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зашто чорбаџи Теодос треба сам да нагази на стапицата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Знам кај ги стега педалите, кај ме нагазува, ама мене уште ми е умот кај Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претка, го нагазува, уште малку и в уста ќе му влезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, колку да излезам од дупката, нешто ми ја нагазува раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така идат, се нагазуваат низ снегот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги вртат, ги туркаат кон камионот, ама тие се нагазуваат, се тргаат, кон сите страни се влечат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А што бараше овдека, ми вели тој што ме нагази.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знае таа со мене, како што јас знам со неа. Од шејтан донесена, на шејтан нагазила.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми ги знаат возбудите и заблудите, Болките во желудникот, реата, Ми ги знаат потресите и вознесите, Ми го знаат огнот и пареата Дреата со која ги нагазив, Мојот здив, кога во нив се преселив, Се вгездив и задомив.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Елбете, нагазиле Сефедин и мудурот на осарникот, та ги искасале, — одговори иронично јузбашијата и поздрави во знак на свршен доклад. — Ништо чудно, — промрмори бимбашијата и го ослободи овој јузбашија за да ги прими рапортите од другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој ни ја нагазува жицата, велам, ти беше на станица во Потма?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе