нагнете (св.)
Сега со право можат да се нагнетат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Меѓу две молчења – ќофтиња во сос и троа вино. Без кромид, оти ни господ не знае која може да налета баш кога си нагнетен кромид.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ме нагнетија ко во грнец, во ќуп, си ги наседнав петиците со газот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Седат сите околу масата, за децата, се разбира, нема место, тие се во другата одајка, го гледаат и го слушаат Димостена, а тој го држи лицето како кадро што почнало да се губи од хартијата и ги пушта своите така да се рече излитени зборови, кажувајќи за затворскиот живот и тоа го поминува само со десетина во кои се нагнетени пет шест и повеќе години.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ја следеа завидливи очи, испиени од ноќно бдеење, селани што би ја свалкале во калта и со сладост би ја нагнетиле.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)