нагонски (прид.)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нагонската гадливост од психотични контакти поскоро ме доближуваше до едноставноста на животните отколку до луѓето, па заклучив дека можам слободно да бидам крава, папагал или некое морско домашно милениче во смрдлив аквариум.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Но, ќе дојдеме до вистината за себе и ќе ја видиме вистината за светот и вистинското сознание за темелот на суштествувањето со неутрализирање на сопствените слабости и слепи нагонски сили, егоистичките тежнеења, побудите, рѓата, безумноста, импулсите на гревот и заслепеноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Наспроти некои верувања, очигледната независност на човекот во однос на неговата ендокрина сексуалност, која не само што му овозможува да им се спротистави на нагонските притисоци, туку сѐ до староста му овозможува и сексуални односи и оргазам чија цел не е оплодување, не е знак на „дегенерација“, ниту на раскинување со природните корени на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Невротичниот пациент, којшто на некој начин се определил за еротското тело наспроти автоматската активност на своето соматско тело, или подобро речено, којшто одлучил да допушти тоа соматско тело да функционира единствено во корист на неговото еротско тело, често има тегоби поради постојаните противречности меѓу инстинктивните сили и нагонскиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Нагонската стравопочит кон тигарот и ниската интелигенција можеа лесно да го присилат овој мајмун да избега.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Нагонска жедност да остане, да се спаси, сѐ повеќе го возбудува, полнејќи ја неговата свест со плашење не сосема одредено, желба да го разбие заговорот сам, сам да ја забоде камата во утробата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)