наготви (св.)
Потоа стана, наготви колку за неа со децата, се накрка слатко и благо и се промени „велигденски".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наготви, наготви што можеше ,и умееше најслатко и најблаго и си вели со умот: „Од питулици со мед, од сланина и кубаси со јајца има ли нешто послатко? И тоа со булиња и погачи на малото сито.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра наготви вечера што можеше поубава, послатка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)