нагрвали (св.)
Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав и по една рака куршуми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеме со мака да ве прифатиме. Вие пак сте нагрвалиле сосе козите...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)