нагрди (св.)
Во неа уште мириса на чад, на изгореници што ти го нагрдија телото додека го исмеваше огнот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Муртењето на кучешката или мачешката муцка, со кое се нагрдуваат за да заплашат и да ја избркаат опасноста, едвај е поинакво од другите движења што ги прават.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Толку е вистинска а истовремено и толку жестока, без секојдневните шминки со кои толку умешно ја нагрдуваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навистина како ќе се однесувавте вие ако оценевте дека ве оцрнуваат и понижуваат, но со некои чудни, дури и ведри бои од кои посебно се издвојуваше онаа во која девојката изразуваше надеж дека нејзиниот прилог во дискусијата всушност е наменет да помогне а никако не да нагрдува и докрајчува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Кај жените поединостите разубавуваат или нагрдуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ги истоштуваа со тортура и со самување сѐ додека не станеа бедни, лелекаво-човечки руини, кои признаваа сѐ што ќе им се ставеше в уста, се нагрдуваа самите себе, се обвинуваа и се криеја еден зад друг, цимолејќи за милост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јанческата гостинска одаја, истата онаа во којашто во оние одамнешни времиња, набрзо по населувањето на првите Турци во Потковицата, дедото Јанче, за да ја одбрани од `Рслан бег, ја нагрди Руса и веднаш потоа се штукна од умот и по два дена го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А јас не ја испуштав од погледот Јана. Следев како ја заобиколува мермерната плоча што ја нагрдуваше позлатен натпис и како си го штити лицето од поткршените багремови гранки што веројатно ќе му бидат единствената сенка на мртвиот поет во летните горештини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мускулите нека им се искриват, подбрадоците нека треперат, нивните мириси нека навредуваат, нивната суровост да нагрдува, нивната глупост да ограничува - но, оче, нека се смеат!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кинел, фрлал, кршел, копал, палел огин. Ја нагрдил убавината на природата, ја разболел.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Па дури и името и го нагрдиле: од Вардар - Вардариште - ѓубриште низаедно смрдливо!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Те знам, од инает го нагрдуваш, проклет да си, богохулнику еден.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Откако творците ќе се нагрдат со сериозност, треба да заземат став од кој сите ќе се убедат дека тие и само тие можат замислено да набљудуваат во далечините.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)