надалеку (прил.)
И секогаш да ја носиш таа прекрасна насмевка на лицето, на која, сигурен сум, и птиците ѝ се насладуваат и надалеку низ песна ја раскажуваат, и ветрот со радост ја пресликува насекаде, во секој облак и поток, во секој морски бран, на површината од секој океан, облагородувајќи го ликот на земјата со тебе...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Можеби затоа што немаше свои, зашто тој уште момче беше кога излезе комита и дваесет и петгодишен стана војвода чија чета надалеку беше прочуена.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но исто знам дека човекот секогаш сака да биде со некого, па макар и надалеку.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сум влегла во некој кошмар и ту наблиску, ту надалеку си го слушам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само главите ни се одозгора, ама и тие ни се надалеку застанати.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сѐ ми е некако надалеку застанато, ко кој знае каде доведена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Земаме матерки што мирисаат надалеку и одиме по ливадите, покрај шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Куќите се гледаат надалеку една од друга од двете страни.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Истовремено со нив пристигнуваа и музичарите. Надалеку ечеше звукот на зурлите и тапаните.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Овој, еден од најубавите народни обреди, дружината го играше на сцената одлично; сите беа искусни и се гледаше дека точно го знаат и го разбираат секој симболички детаљ; гатачот потем говореше: „Оддалеку идиме, надалеку одиме, на кораб се возиме, со стапој се крепиме, коработ се скина, на домаќинот газот му зина“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ама и тие се некако надалеку застанати: влакно со влакно да не може да се досегне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Надалеку беше позната по својата црна магија заради што многумина ја избегнуваа и улицата во која живееше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мал знак на внимание кон наделеку познатата госпоѓа Петра“ „Со ништо не сум ве задолжила“, рече Петра поклопувајќи го со едната рака кесето со кафе и подавајќи ја другата кон шишето вињак, како да е готова да ги турне назад кон него и без проблем да ги тргне кон себе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа, Јовановото враќање во Потковицата, надалеку го потврди верувањето во маѓосничката и претскажувачка моќ на Руса, но за него, за Јована, се проширија гласови дека во меѓувреме со померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа потполошката пишти, дали пишти. Врти околу нив, надалеку, ама пак околу нив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гласот за ова се разнел надалеку, дошол и до уши на султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)