надарен (прид.)
Патем спомнува дека никој нема исковано златен прстен од 'рѓа иако 'рѓата е надарена со потребната боја.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Ете гледаш, чедо мое, зошто пречесен отец Стефан не можел да го реши записот од прстенот на логотетот, иако во ука мошне вешт е и надарен: затоа што за него словата сочинети се од зборови, а за мене од гласови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сакам да го потсетам дека е вљубен и дека само вљубените се надарени да шлапаат боси по водите на илузиите, да негуваат во размислите градини од лажни претпоставки и да донесуваат произволни заклучоци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако се научници и имаат уметничка надареност, сепак се насочуваат кон науките и тоа природните.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Веќе во прологот, Тесауро изјавува дека надарениот со остроумност се разликува од плебеецот; таквиот најнапред раздвојува а потоа спојува.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Утредента Едо брзо и лесно, благодарение на својот усет за работењето на моторите со којшто беше очигледно надарен, му ги смени плочките на кочниците после што течноста во садот за глицерин се поткрена и светлото на шалт-таблата престана да се пали.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Игро мудра, само таква биди, разгрни се сета богато надарена, и секогаш во животот иди од несекидневноста чиста и озарена.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Еќрем–беј Влора, ќе се вреже во мајкиното сеќавање како прекрасен човек надарен со незапирлива добрина, љубов, но и смисла за хумор.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А јазикот мој не за собитија, туку за сказанија беше надарен и со таков мед беше орвоухранет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Премногу е млад, а младоста и тогаш кога ќе прифати дека човекот не е надарен да лета оваа можност сепак не ја исклучува како чувство па дури и како помисла.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Лесно ми одеше, оти онаа вечер кога открив дека сум надарен за качување, јас ја вежбав таа точка секојдневно во дворот на Земанек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Треба да си надарен со скиснат ум па да не дојдеш до заклучок дека зад овој божем банален случај не се прикрива некоја подла намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Иако автодидакт, во проучувањето и откривањето на јазиците, надарен со силна дарба и интуиција во учењето на новите јазици, тој добро знаеше дека лингвистиката е комплексна и ригорозна наука.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И тој е надарен со физички (андрогин), темпорални (бесмртност) и духовни (свест) одлики што го разликуваат од обичните луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)