надари (св.)
Само сакала да ми ги прикаже предностите со кои ја надарил животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јас сметам дека со неповторливо богатство се надарени само нашите лични доживувања, приказните што ние ги создаваме: разнобојни, шумни, богати, со насмевки на бои што ќе ги откриете само во опашот на паунот, и се разбира, да не заборавиме, кај виножитото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нем е, а говори, се вџашија, Допрашаа: „Кажи ни кој си ти, Кој со таква благодат те надари, Слеп да гледаш, нема да говориш?“ „Избран е!“ Небото им одговори.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Темното си го носи своето. Кино гледачите што Господ ги надарил со долги раце и со исто такви прсти, никако не трошеле лични пари за зрнестите задоволства.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)