надеж ж.
надежен прид.

надеж (ж.)

Да живее надежта дека војната во градот нема да се случи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се претворив во сомнеж, чекање, надеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но видовме дека сме горко излагани во нашите надежи и дека наместо арнотии ние видовме само лошотии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако фати цибрина, види, ако нема никаква надеж, иди си, нема што да седиш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговата поезија трага по светлината на надежта. Таа може да ги размести кандилцата во мракот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На мала цврста лединка прскаат жолти сонца под копитата на гладот Темни концентрични тежини бујат над пејсажот зрел што плаче со искри од леб Луд виор од млади надежи сонува шарени звуци – широка песна на ветрушка Огромни товари ден лазат по долгиот пат од солзи и од смев
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Обидот да се влезе низ металната ограда на менталната поставеност ги истисна надежите на Јужнососедството дека ќе допрат, до рајската градина на едноумието на Македонистите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
73. Владата просто сака да нѐ избави нас од празни надежи. Ако е сето тоа така, тогаш со што може да се објасни политиката на Русија по прашањето за Фирмилијана? – ќе се запрашаат некои. – Јасно е оти таа е србофилска. – Да видиме дали е толку јасно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знам многу арно оти мнозина со иронија ќе се однесат кон моите надежи за европски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога се фатија за јазлите уште еднаш застанаа поради бесмислена надеж да не нешто се мени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зар да го осудиме принцот на Честољубието Ние што знаеме од најрано детство Дека речиси на сите паметници на великаните Високо кренатата рака од бронза Иако празна нѐ храни со надеж!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да се зафатија да се реализираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И твојот лик да не е кој сега би не подучувал како се совладува времето под нозе што ни копа мислата што ни ја јаде и надешта ја гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Жените навистина стоеле пред големиот миг на надежта да ги врзат мажите за постела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се средив во бањата, со надеж дека ако повторно го видам барем нема да се ужасне од мене со бушавата коса и крвта околу горната усна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но оваа надеж сега ѝ изгледаше јалова и пишман се стори оти не си ја сврши сама оваа работа, туку тргна по маѓии и басни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си успеал да ја промашиш провалијата и тоа ти дава огромна надеж.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе