надмине св.

надмине (св.)

Иако периодот на секое вработување на определено време не е изречно определено, може да се заклучи дека не би требало да трае долг период – односно, само по исклучок, би можело да надмине една година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Најпосле предизвикот да открие го надмина неговиот страв и тој ја пикна раката во џебот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Саркастично, еден од начините на надминување на дискрепанцата помеѓу законски даденото право и фактичкото кршење на тоа право доста често се надминувала или барем се намалувала преку усвојување промени во законската регулатива кои резултираат со намалување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пораст на сочувство кое ќе прерасне во надминување на ситните замерки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За време на Двете минути омраза таа секогаш ги надминуваше другите во измислувањето навреди на сметка на Голдштајн.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На логиката на еден здрав разум ова никојпат не ѝ влезе в глава, но затоа Хегел и го изврши своето епохално откритие, со тоа што ја надмина оваа логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Мојата криза почна еден ден пред втори август , па веднаш Свети Илија ми прискочи напомош, имавме храна сѐ додека не ја надминав кризата...пророкот Илија живеел деветстотини години пред Исуса Христа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие лошотии ги надминуваат сите очекувања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа запирање, тоа воздржување и молчење во текот на подготовките на сите мои книги од „Дождови“ до денес не стаса до онаа критичка точка преку која стиховите за Рацин требаше да минат, да ја надминат.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Во претходниот квартал, според него, производството на врвки за чевли го надминало планот од десеттиот тригодишен план за цели деведесет и осум проценти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега сум во ред. Ти ми помогна да ја надминам болката на душата со која бев затруен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Обидот на Аристотел поинаку да му пријде на односот меѓу душата и телото и да го надмине остриот дуализам на Платон, со појавата на христијанството паѓа во заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не веруваше дека ќе дојде до толку голем конфликт, кој не ќе може да се надмине.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ова беше нешто што ги надминуваше очекувањата на Едо и се потруди да скрие дека е вчудовиден од необичната изјава со која таа без колебање декларираше скоро натприродна моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Единствено тешко ранетите и болните, откако го надминуваа шокот, извесно време остануваа во креветите за да ги ослободат од потресот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Умееше оваа Мајка, која нѐ надминуваше сите со моќта и со издржливоста во страдањата, да биде убедлива во своето верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе