надница (ж.)
Потоа го видов и човекот што чистеше трње меѓу гробиштата. Вадеше надница за сметка на црковната управа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Човечката гадина, човечкиот накот студентот тукушто ги беше засакал: сѐ уште го плашеа луѓето што ги познаваше, нивната љубов, работата во фабрика за надница и леб му се чинеа нечовечки.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)